spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Учениците од ООУ Лазо Трповски наградени во Берлин

Карпош: Учениците од ООУ Лазо Трповски наградени во Берлин

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2021, којшто традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект на петте ученици од IIIв одделение, Андреј Андоновски, Јана Блажева, Андреј Новевски, Георгина Стојанова и Максим Станоев, „Вселенски летала“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Розета Сугарева и Стефан Симовски. Проектот на третоодделенците успешно ја помина прелиминарната фаза, влезе помеѓу најдобрите проекти на натпреварот и освои награда.

 

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, „Lufthansa Technik “ AG, концернот EADS (во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони „Airbus“) и концернот Chrysler. Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири.

Во името на стручното жири на наградените ученици од ООУ „Лазо Трповски“ им се обрати раководителот на натпреварот Ридигер Штајн, кој меѓу другото истакна:

„Ви благодарам за прекрасниот проект. Наградени сте затоа што вашиот проект е фантастичен, затоа што се забавувавте додека го работевте и затоа што сте одлични тимски играчи. Вашата награда е летачки трофеј и диплома за секого од вас. Се надевам дека учеството на натпреварот ви беше толку забавно како што му беше и на стручното жири кога го оценуваше вашиот проект“.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во...

0
Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Хз....