На 5 јуни – Светскиот ден на животната средина ЈП Чистота и зеленило во соработка со Општина Куманово организира акција за собирање на кабест отпад на три локации во Куманово и тоа:
- Пункт поставен на паркингот пред Градскиот затворен базен во Куманово;
- Пункт поставен на паркингот пред поранешната фабрика ЧИК;
- Пункт поставен на паркингот на локалитет “ Kошеви” во населбата Гоце Делчев.
Граѓаните можат да го депонираат исклучиво кабестиот отпад од 7:00 до 11:00 часот на посочените пунктови на 05.06.2021 (сабота) и на 12.06.2021 (сабота).
Акцијата не предвидува собирање на градежен шут и отпад!
Извор: Општина Куманово