spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Меморандум за соработка со ЦИД

Куманово: Меморандум за соработка со ЦИД

Од името на општина Куманово Градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Здружението Центар за интеркултурен дијалог-ЦИД.

Целта на Меморандумот е да се воспостави соработка, комуникација и пракса на јакнење на младинското јадро, организирање на активности и проекти од интерес и значење за младите, развој на младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во општина Куманово и Република Северна Македонија.

Овој документ ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за заедничка реализација на активности и делување во областите кои се од интерес за младите, младинската инфраструктура и унапредување на заедничката соработка.

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...