Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9 975 478 илјади денари, што е за 3.6 % повеќе во однос на претходната година.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3 792 562 илјади денари (38.0 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 244 325 илјади денари (12.5 %), Материјали за армирање и прицврстување со 1 238 551 илјада денари (12.4 %) итн.
Извор: Државен завод за статистика