spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПодавам рака на секоја опозициска партија и сила да ни се приклучат...

Подавам рака на секоја опозициска партија и сила да ни се приклучат во конечен пораз на Заев

На вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ подава рака на секоја опозициска партија и сила да се приклучи во конечен пораз на Заев и победа над мафијата на власт, како и дека повеќе нема изговори, а време е за обединување, затоа што се работи за иднината на Македонија.

-Излезот е победа на обединет опозициски блок. Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофата на Македонија. Во изминатиот период имав контакти со повеќе лидери и партии и чувствувам силно опозициско расположение и еве тука, од Битола, во име на ВМРО-ДПМНЕ подавам рака кон секоја опозициска партија и сила, да ни се приклучат. Ако целта ви е промени на власта, пораз на мафијата на Заев, СДСМ, тогаш сте добредојдени со нас, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека опозицискиот блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата.

-Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А сите тие кои ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или спротивстават на обединување се оние служат во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат кои се тие. А опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите. Се работи за иднината на нашата Македонија, истакна Мицкоски.

Извор: ВМРО

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...