Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Скопје. Тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат.
И Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо.
Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо.
Град Скопје има 8.5 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години. Петре Шилегов го задолжи Скопје 8.5 пати повеќе, отколку што беше во времето на Коце Трајановски.
Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот?
Градот е во долгови, а нема никаков капитален проект. Завршија ли сите буџетски пари во тендери и набавки на двојно или тројно претплатени стоки и услуги?
4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!
Извор: ВМРО