МТСП: Преку политики и мерки ја менуваме улогата на руралната жена и придонесуваме за руралниот развој

МинистерстваМТСП: Преку политики и мерки ја менуваме улогата на руралната жена и...

Најчитано

Наша заложба како Министерството за труд и социјална политика е преку креирање на законски решенија, како Законот за родова еднаквост, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, да придонесеме жените подеднакво да учествуваат во креирањето и воспоставувањето на улогите во општеството“, подвлече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на регионалниот Форум на политики за рурален развој, во организација на Балканската мрежа за рурален развој, којшто  се одржа во Охрид.

 

„Руралните  жени се соочуваат со социјалната исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги“, рече  министерката Шахпаска обраќајќи се на Форумот, потенцирајќи ја  заложбата на Владата на Република Северна Македонија, во градењето  на општество со еднакви можности за жените и мажите.

Таа го посочи како поразителен податокот дека, околу 62% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.

„Преку изградба на нови детски градинки, домови за стари лица, децентрализација на социјалните услуги, ја менуваме улогата на руралната жена, овозможуваме нејзино активно учество на пазарот на труд“, потенцираше министерката.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика  подготвува нова Стратегија  за родова еднаквост 2021-2026 година, чија цел е  унапредување на  положбата на жените во руралните средини. Истовремено ја потенцираше соработката со Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и  поддршката  на UNWomen  во креирањето на мерката  115 за финансиска поддршка  на жени земјоделки, која има за  цел подобрување на економската положба на жените, зголемување на бројот на регистрираните жени, а со тоа подеднакво и тие да придонесат во развој на земјоделството.

Како особена значајна беше посочена и директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5000 до 15000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис, ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени и вклучување на жени кои немаат приходи и се над 65 годишна возраст во системот на социјална заштита.

Министерството е носител на првата Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија коишто овозможуваат пристап до работни места, интеграција и реинтеграција во заедницата, градење на самодоверба, развој и вклученост во заедницата.

Како Министерство за труд и социјална политика и Влада на Република Северна Македонија продолжуваме со политиките кои значат еднакви можности за жените и мажите, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење“, подвлече Шахпаска.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе