МТСП: Зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и еднаков пристап до ресурси е наша заложба

МинистерстваМТСП: Зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и еднаков...

Најчитано

„Како Влада и како ресорно министерство особено ни е значајно унапредувањето на родова еднаквост во општеството. Во таа насока е и подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, со кој обезбедуваме остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење“, посочи минисерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на средбата со г-дин Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на УНФПА.

Таа посочи дека со Законот за родова еднаквост се воведуваат новитети, односно законот предвидува три нови механизми. Тоа е Секретаријатот за родова еднаквост, кој како највисоко тело ќе ја координира и следи работата на органите на државната управа и локалната самоуправа при имплементација на Законот. Ресурсен центар, кој што е всушност тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Третиот нов механизам е Национално координативно тело со кое што ќе претседава министерот за труд и социјална политика со што се подигнува и нивото на влијание и значење. Истовремено, Министерството работи на подготовка на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година чија цел е унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество.

 

Министерството за труд и социјална политика, во сферата на родовата еднаквост има воспоставено одлична соработка со УНФПА, особено како партнер во имплементацијата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, во делот на подготовката на подзаконските акти и воспоставувањето на услугите за жените жртви на насилство.

 

На средбата се разговараше и за унапредување на правата на лицата со попреченост, на што министерката Шахпаска посочи неколку значајни сегменти на кои министерството сериозно работи изминатиот период.

 

„Пред нас е предизвикот за заокружување на процесот на деинституционализацијата до 2027 година согласно проектите, сите корисници од Заводот во Демир Капија, Заводот Бања Банско, како и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле, да бидат преселени од институциите и сместени во помали станбени единици, односно се менува формата на грижа за овие лица во живеење со поддршка“, рече Шахпаска. Притоа, го истакна значењето на дневните центри за лицата со попреченост како форма која им овозможува на овие лица да бидат креативни и работно активни.

 

Директорот на УНФПА, Џон Кенеди Мосоти истакна дека сите заложби и постигнатите резултати на Министерството за труд и социјална политика и министерката Шахпаска се јасно видливи и препознаени. Воедно упати честититки за сработеното и изрази и задоволство од идните планови и проекти на министерството.

 

Двете страни се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште позасилено темпо, а во насока на градење на еднакво општество, без стереотипи и предрасуди, насочено кон превенирање на родово базирано насилство, унапредување на статусот на жените во сите области и унапредување на правата на лицата со попреченост.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе