spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСУТКОЗ обезбеди финансиска поддршка за Угостителската дејност

СУТКОЗ обезбеди финансиска поддршка за Угостителската дејност

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ), во изминатиот период напорно работеше за да ги заштити работниците во најпогодените сектори од здравствената криза, угостителството и туризмот.

Претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски истакна дека СУТКОЗ имаше свои предлози и за новиот сет на мерки и заедно со ССМ се обезбеди шест милиони евра да изнесува финансиската помош од шестиот пакет мерки која е насочена кон угостителската дејност.

Мерката важи за сите оние коишто беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.

Информациите се дека има 2.406 пристигнати апликации, а пристап до помошта нема да имаат единствено 202 апликанти, кои не биле регистрирани со соодветна шифра на дејност.

Потсетуваме дека овие средства се за работниците.

Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ преку мобилната апликација ССМ – мои работнички права, бесплатниот телефонски број 070 818 878, или по меил на prijavi@ssm.org.mk за да можеме навремено да интервенираме.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте