spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Нова програма на УСАИД за поддршка на локалната самоуправа

МЛС: Нова програма на УСАИД за поддршка на локалната самоуправа

На 18 мај 2021 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) официјално ја претстави Програмата за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија. Програмата ќе соработува со Владата на Северна Македонија и локалните самоуправи за мерливо зголемување на општинските приходи од сопствени извори, надворешни средства и стапките на извршување на буџетот во согласност со условите за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија. На присутните градоначалници и претставници на општините им се обратија амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, и Аце Коцевски, градоначалник на општина Велес и претседател на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС. Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз рече “Владата на САД е посветена во поддршката на Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција. Заедно работиме со вас во унапредувањето на владеењето, владеењето на правото и антикорупциските реформи потребни за да се постигне интеграцијата. Критичен аспект на реформскиот процес е создавање ефикасни и ефективни владини институции, како на локално така и на национално ниво“. Таа истакна: „Преку оваа програма, УСАИД ќе инвестира во надминување на предизвиците што ги идентификувате за зголемување на мобилизацијата на домашните ресурси, зајакнување на даночните системи, ефикасно користење на јавните приходи и преземање поголема лидерска улога во финансирањето на локалниот развој. Сетто оваа е со цел, подобрување на услугите кон граѓаните и зголемување на нивното задоволство и доверба во локалните власти. “Министерството за локална самоуправа очекува дека со имплементацијата на проектот во наредните 5 години општините ќе изградат солидна административна и техничка инфраструктура за управување со јавните финансии, дека ќе ги максимизираат ресурсите со редовна наплата на локалните даноци и такси, кои ќе се праведни и предвидливи и ќе се подигне нивото на транспарентно и отчетно реализирање на буџетските средства, со учество на граѓаните.”, истакна министерот Милевски. Додека министерот Бесими во неговото обраќање истакна: “Министерството за финансии работи на изнаоѓање најдобар модел за формирање Фонд за перформанси и Фонд за воедначување чија цел е подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините. Планирано е општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи да добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување да се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите треба да покажат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи;” и притоа додаде дека “крајната цел на овој процес се постигнување повисок квалитет на јавните услуги, повисок степен на економски развој и подобрување на животниот стандард.” Градоначалниците од првата група партнер-општини виртуелно потпишаа Меморандум за соработка со што се заложија за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способноста на локалните самоуправи за планирање, управување и спроведување на приходите од јавниот сектор. Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021- 2026) со буџет од 6,5 милиони американски долари, планиран да им помогне на владините институции во Северна Македонија да соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани. Преку Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, УСАИД ќе работи со Владата на Северна Македонија, фокусирајќи се на четири главни цели: 1) подобрување на квалитетот на општинските системи за собирање даноци и такси; 2) зголемување на капацитетот на општината за пристап до надворешни ресурси од централната власт, меѓународните фондови, пазарите на капитал и банките; 3) подобрување на општинските способности за планирање, управување и спроведување на приходите на јавниот сектор во согласност со прописите; и 4) подобрување на процесот на децентрализација.

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте