spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Инвестираме и во училишните објекти и во современи наставни програми

МОН: Инвестираме и во училишните објекти и во современи наставни програми

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалничката Наташа Петровска  го посетија основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола кадешто со замена на прозорите кои беа стари 40 години е подобрена енергетската ефикасност на објектот.

“МОН инвестираше 3,4 милиони денари во ова училиште. Но, освен во Битола се работи на подобрување на условите и на училиштата и во цела држава. Продолжуваме да инвестираме, бидејќи за квалитетно образование, неопходни се вложувања во инфраструктурата и опремата во училиштата, исто како што се потребни и добри, квалитетни и современи наставни програми, но и обучен и квалитетен наставен кадар. Како Влада и како Министерството интензивно и посветено работиме на сите три сегменти и во овие заложби не сме сами – градоначалниците целосно се вклучени во подготовките за успешен почеток и имплементација на образованите реформи”, рече Царовска.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска информираше дека општината ќе инвестира 21 милион денари за инфраструктурни зафати за основните училишта во градот, од вишокот средства од сметката за блок дотации. Исто така и општинските училишта, сопствените средства обезбедени од донации, ќе ги вложат во одредени инфраструктурни зафати.

И МОН постојано ги зголемува средствата за капитални инвестиции, а оваа година за инфраструктурни зафати се обезбедени околу 1 милијарда денари што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Зголемување на јавните инвестиции во основното образование се овозможува и со проектот со Светска банка, вреден 21,5 милиони евра, од кои 60% ќе бидат спуштени до училиштата, на ниво на грантови и ќе бидат наменети точно за адаптации, промени и за набавка на ИТ уреди и воспоставување дигитални библиотеки. Следниот месец ќе има повик за обезбедување на комплетна пристапност на 14 образовни институции, од кои 6 се основи училишта.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...