spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Локално собрание за Млади

Карпош: Локално собрание за Млади

Општина Карпош е првата локална самоуправа која го започна ресетирањето на Локалниот младински совет согласно новиот Закон за младинско учество и младински политики.

 

 

 

Откако заврши јавниот повик за избор на Локално собрание за млади, во просториите на општина Карпош се одржа првата конститутивна седница на ова тело.

 

На овој начин, продолжи процесот за ресетирање на Локалниот младински совет, кое треба да биде претставничко тело на младите на локално ниво.

 

 

 

Од редот на младите луѓе, беше избрана претседавачка на ова тело. Станува збор за Бисера Лавачева. Исто така, избрана е и тричлена комисија чија задача е да го следи процесот за избор на членови на Локалниот младински совет.

 

 

 

Локалното собрание на млади ќе го објави и јавниот повик за членство во Локалниот младински совет.

 

 

 

Во претходниот период, општина Карпош назначи и службеник за млади, кое е контакт лице за младите луѓе и младинските организации.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...