spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Рамноправност - Мажи и Жени

Карпош: Рамноправност – Мажи и Жени

Општина Карпош активно се вклучи во проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“. Тоа значи подготовка како да се вклучат родовите перспективи во креирање на општинските политики, првенствено преку преструктуирање на приходите и расходите во општинскиот буџет со цел да се дојде до родовата рамноправност.

 

Или практично, како при креирање на годишните програми за работа на сите сектори и одделенија во Општината и долгорочните стратегии да бидат вклучени жените и мажите соодветно на потребите, односно општинската каса да стане родово сензитивна.

 

Мапирање на специфичните потреби на жените, утврдување на приоритетите, отстранувањето на сите видови дискриминација, еднаков пристап до услугите се чекорите преку кои може да се надмине постоечкиот јаз во процесот на одлучување, женската неплатена работа и помала присутност на пазарот на трудот и нивна потполна интеграција во општеството, се точките кои преку алатката родов одгововорен буџет може да се надминат и унапредат.

 

Ова беше суштината на тридневната обука на која три претставнички од Општина Карпош (координаторката и заменик-координаторката за еднакви можности на жените и мажите и претставничка од секторот за финансиски прашања), заедно со 20-тина други од 10 општини во државата, минатите денови, во Охрид се обучуваа за вклучување на родовите перспективи во политиките на локалните власти, согласно Глобалните цели на ОН 2015-2030, Истанбулската конвенција, правните акти на ЕУ и другите меѓунаордно усвоени документи за родовите прашања.

 

Обуката ја одржаа експерти-ментори од UN WOMEN-тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените кои долгорочно го следат и ќе го унапредуваат овој процес во соработка со локалните самоуправи. Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...