ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско во својата завршна фаза на спроведувањето на проектот „Воспоставување на Локални Акциски Групи и реализација на Стратегии за Локален Развој на Рурални средини“ ја организираше својата последна активност со што и официјално се затвори овој проект.
На Завршната Конференција учествуваа градоначалниците на Општина Велес, Аце Коцевски, Општина Чашка, Горан Стојановски и на Општина Градско, Роберт Бешовски како преставници од трите Општини како ко-основачи на ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско.
Како гости на оваа завршна конференција присутни беа Харалд Фугер, Аташе на министерството за труд и социјала на Република Австрија и г-ѓа Марина Тошеска како преставник од ЛАГ АГРО ЛИДЕР од Кривогаштани која воедно е и Претседател на МРЕЖАТА НА ЛАГ-ови, во која член е и ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР-Градско.
Покрај нив, учествуваа и членовите на Управниот Одбор на ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско, членовите на Проектниот тим кој го спроведуваше овој Проект, преставници од други ЛАГ-ови, со кои ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско има долгорочна соработка, како и сите останати субјекти кои имаат поврзаност со овој проект
Проектот се спроведе од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 година, мерка 412 и мерка 413 за 2019 година од АФПЗРР, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од општините Велес, Чашка и Градско, е поделен на два дела и тоа
Мерка 412 Воспоставување на локални акциски групи (ЛАГ) (73.800,00 МКД)
Мерка 413 Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини (798.000,00 МКД)
Во активностите на проектот се издвојуваат:
- Набавка на ИТ средства (лап топ за потребите на ЛАГ-от)
- Изработка и поставување на две информативни мапи за рекреативен центар во Подлес
- Бетонски скари за излетнички центар Подлес, Општина Градско
- Алуминумски столбови и соларните фотоволтаични ламби за осветлување на излетничко место Подлес, општина Градско и Општина Велес на место на поставените летниковци
- Набавка на Гумено црево за водовод за с.Грнчиште
- Набавка и поставување на два летниковци на излетнички места во периферијата на Велес (Вршник и св.Илија) и еден летниковец во Општина Чашка
- Набавка на опрема за ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка. Во рамките на оваа активност за потребите на Општина Чашка и ЈПКД „Тополка“
Организација на Завршна Конференција и презентација на сработеното.
Извор: Општина Велес