spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedБитола: Реконструкција на улиците Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа и Пробиштип

Битола: Реконструкција на улиците Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа и Пробиштип

„Над 40 години, овде не беше ништо санирано. Имавме стари, речиси неупотребливи цевки за водовод и канализација“, истакнаа жителите на ул. „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“, кои се сретнаа со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Дел од лицата задолжени за проектот за реконструкција заедно со градоначалничката извршија увид во теренските активности на оваа улица, каде во моментов работат екипите на КЈП „Нискоградба“  на поставување на мешовита канализација, по што ќе следува изведба на водоводната мрежа и финално, уредување на коловозот. Целосната реконструкција на оваа улица е во вредност од над 3,2 милиони денари.

Паралелно во овој дел од градот се работи и на улицата „Пробиштип“, каде викендов се подготвуваше теренот за влез на екипите на КЈП „Нискоградба“,кои ќе ја изведуваат мешовитата канализација. И на оваа улица ќе бидат изведени истите реконструкцитни зафати, односно ќе се менува водоводната мрежа и соодветно ќе биде уреден коловозот. Жителите на улицата „Пробиштип“ посочија дека често имале проблеми со поплавување на домовите и собирањето на водата. Тие изразија благодарност до градоначалничката Петровска за интервенцијата на оваа улица, која ќе значи многу за нивното нормално секојдневие.

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...