spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedИзградба на управната зграда на ЈКП „Водовод“

Изградба на управната зграда на ЈКП „Водовод“

Во дворот на ЈКП „Водовод“ беше означен почетокот на изградбата на управната зграда на ова јавно општинско претпријатие. Можноста за вакви инвестиции доаѓа по успешното менаџирање на локалната самоуправа и јавните претпријатија и надминувањето на затекнатата лоша финансиска состојба од пред 3,5 години.

„Се покажа дека и на овие простори, се можни поинакви политики, транспарентни, домаќински кои што овозможуваат да обезбедат не само развојни компоненти, туку да дадат сериозна можност за многу подобри услуги кон граѓаните. Во оваа прилика би сакала да нагласам дека оваа локална самоуправа, оваа власт на локално и централно ниво, успеа да врати, односно да исплати кон јавните претпријатија што за изведба, што за заостанати долгови од претходната власт над 6 милиони евра, од кои што само во ЈП Водовод се нешто повеќе од 500.000 евра. Тоа покажува дека се водени политики кои даваат добра кондиција на јавните претпријатија, а со тоа овозможуваат јавните претпријатија денес да бидат тоа што се, за што е потврда и ова денес на ЈП Водовод како инвестиција, кое што дополнително носи заштеди и дава дополнителни развојни компоненти. Честитки до менаџерскиот тим на јавното претпријатие, честитки до сите чинители, вклучени во овој процес, до Советот на општината и другите општински субјекти, кои придонесоа денес да зборуваме за нешто, што во изминатиот период не било ниту на повидок дека може да се случува“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Инвестиција од ваков вид во ова јавно претпријатие доаѓа по 9 децении од неговото постоење.

„Денес е посебен ден за Водовод, ја почнуваме градбата на новата управна зграда, која ќе биде во површина од 1540 метри квадратни. Оваа управна зграда била желба на многу директори години наназад, но сега се создадоа условите, но да не бидам скромен ги создадовме ние како менаџерски тим со помош на исте вработени, да може да се инвестира во неа и водовод конечно после постоење од 93 години да добие свој сопствен дом. Сега е моментот тоа да го направиме. Посебно сум горд со мојот менаџерски тим што тоа го изведуваме. Рокот на изведба е 12 месеци, а сумата е 42.7000.000 денари“ рече директорот Горан Козаров.

Како претставниик од Владата на свеченоста присуствуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Чест ми е што од името на Владата сум тука на почетокот на градба на оваа капитална инвестиција, која што е многи значајна за ЈП „Водовод“, затоа што по 90 години на некој директор му текна да направи сопствена управна зграда и да не е ќираџија, а Водовод е најмоќно локално претпријатие“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...