Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализирање на нов комунален проект во Општината Кавадарци. Во индустриската зона „22К -Западен булевар“ градежната механизација работи на асфалтирање на сервисна улица.
Според проектот се пробива улица во должина од 170 метри на потегот од спојот со булеварот кај „новата бензинска“ до повеќето стопански објекти. Пробивањето и урбанизацијата на оваа сообраќајница е дел од комуналната програма на општината во подобрување на инфраструктурните услови во индустриските зони на градот.
Извор: Општина Кавадарци