spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Асфалтирање на сервисна улица во индустриската зона „22К -Западен булевар“

Кавадарци: Асфалтирање на сервисна улица во индустриската зона „22К -Западен булевар“

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализирање на нов комунален проект во Општината Кавадарци. Во индустриската зона „22К -Западен булевар“ градежната механизација работи на асфалтирање на сервисна улица.

Според проектот се пробива улица во должина од 170 метри на потегот од спојот со булеварот кај „новата бензинска“ до повеќето стопански објекти. Пробивањето и урбанизацијата на оваа сообраќајница е дел од комуналната програма на општината во подобрување на инфраструктурните услови во индустриските зони на градот.

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...