spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Реконструкции на улицата „Драмска“ и крак од „Тасино Чешмиче“

Центар: Реконструкции на улицата „Драмска“ и крак од „Тасино Чешмиче“

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во завршните градежни работи од реконструкциите на улицата „Драмска“ и крак од улицата „Тасино Чешмиче“, кои се веќе пуштени во употреба.

Со овој зафат, на коловозот на улиците, на вкупна површина од 1129 метри квадратни, се заменува стариот и оштетен слој со нов, висококвалитетен асфалт, со висока отпорност на надворешни влијанија.

Во моментов, покрај „Драмска“ и кракот од „Тасино Чешмиче“, во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, една од најважните улици во Општина Центар, но и во скопје.

Привршуваат реконструкциите на улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“ во населбата Крњево, улици кои Општина Центар ги реконструира прв пат после повеќе од 40 години.

Овие реконструктивни зафати се дел од големата градежната офанзива на Општина Центар, која предвидува реконструкција на 14 општински улици во повеќе населени места во општината.

До крајот на летото, заедно со веќе реконструираните 23 улици, ќе се добие вкупна бројка од 37 обновени улици на територија на Општина Центар.

Со реконструкцијата на улиците, ќе се регулира автомобилскиот сообраќај, ќе се подобрат условите за движење и значително ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...