Центар: Усвоен заклучокот за воведување на резидентни паркиралишта

ОпштиниЦентар: Усвоен заклучокот за воведување на резидентни паркиралишта
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Врз основа на пристигнатите петиции од жителите што живеат на улицата „Максим Горки“ и Здружението на станари за управување со паркинг-просторот Мал ринг, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот и ги задолжи општинските служби и ЈП Паркинзи на Општина Центар да постапат по барањата на жителите и решавањето на нивните проблеми со комерцијалното паркиралиште во овој реон.

„Општина Центар е општина што работи во интерес на своите жители и преку разни механизми ги исполнуваме барањата на граѓаните за да им овозможи подобар, безбеден и квалитетен начин на живот. Со овие измени ќе воведеме промени што ќе бидат приоритет за нашите жители и воедно ќе го регулираме масовното паркирање и ќе ги ослободиме паркинг местата“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Поради долгогодишниот проблем со кои се соочуваат овие жители во Центар, во наредниот период општината ќе одговори позитивно на барањата на жителите и комерцијалното паркирање ќе биде заменето со резидентен паркинг, а истото ќе се имплементира и ќе започне постапка и на улиците „Ленинова“ и „Радњанска“ .

Јавноста дополнително ќе биде информирана за натамошните мерки што ќе ги преземат општината и ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img