spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба

МИОА: Продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба

Со новиот Предлог-закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, кој беше усвоен на вчерашната владина седница, имаме за цел да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба.

Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, беше донесен за прв пат во 2013 година. Го уредува воведувањето на системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

Системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба, се засноваат врз меѓународни или македонски стандарди, со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, а имаат за цел подобрување на квалитет на услугите во државната служба.

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, се врши усогласување на овој закон со новиот Законот за услугите (со кој се врши имплементирање на Директивата 2006/123/ЕЗ на Европската Унија за услугите на внатрешниот пазар, CELEX број 32006L0123). Исто така се дополнува основниот текст на законот со процедура за надворешна проверка, која е изработена од страна на Европскиот институт за јавна администрација EIPA и која треба да им овозможи на државните институции кои ја спровеле заедничката рамка за проценка, да ја потврдуваат успешноста во имплементацијата на оваа алатка за управување со квалитетот, преку добивање повратни информации за воведување на концептот на целосно управување со квалитет.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...