Почитувани,
Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен претставник на работниците во држава бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.
Во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.
Од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички.
Светската здравствена криза и пандемија силно го потенцира значењето на животот и здравјето, поради тоа и во овие услови на екстремном високи температури да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.
Работодавачи, зачувајте го здравјето на работниците, тие се ваши партнери!
Работници почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува, пријавете кај вашиот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд!
Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk или на телефонскиот број: 070 818 878.