spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиМеѓународен ден на Вработените во Јавниот сектор

Меѓународен ден на Вработените во Јавниот сектор

Синдикатот на УПОЗ како дел од јавниот сектор и рамноправнен член на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) преку своите синдикални организации се вклучи во одбележувањето на 23. јуни – Меѓународниот ден на вработените во јавниот сектор.

 

Обединетите нации го прогласија 23 јуни за Меѓународен ден на вработените во јавнот сектор. Тоа е ден за одбележување на вработените во јавните служби. Вработените во јавниот сектор им овозможуваат на луѓето да ги уживаат своите човекови права, да се осигураат дека нивната држава ги постигнува своите цели на одржлив развој и дека Европската унија го постигнува европскиот столб на социјалните права.

 

 

 

Затоа, Синдикатот на УПОЗ како член на ЕПСУ, се приклучи на оваа меѓународна акција, со цел да ги пренесеме следниве пораки:

 

Повисока плата за достоинствени услуги;

Достоинствена плата за јавниот сектор;

Не за приватизација, не за комерцијализација;

Не мерки за штедење.

Подолу Ви ги пренесуваме фотографиите од неколку синдикални организации кои го одбележаа Меѓународниот ден на вработените во јавниот сектор.

Извор:  УПОЗ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...