spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Средношколци на Пракса

Карпош: Средношколци на Пракса

Во текот на летниот период, во општина Карпош се спроведува феријална практика за ученици – средношколци кои учат во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Учениците посетуваат пракса во рок од 10 работни денови и распоредени се во секторите за финансиски прашања и правни работи, како и во Одделението за поддршка на работата на Советот.

Локалната самоуправа и ова средно стручно училиште склучија и меморандум за соработка, кој овозможува учениците на практичен начин да го видат и работат она што го учеле во текот на учебната година.

Тие се запознаваат со подготовката на акти, архивирање на предмети, подготовка на материјали за седници на Совет и сл.

Општина Карпош и во претстојниот период ќе ги поддржува младите, со цел да стекнуваат практични вештини, да се усовршуваат и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Една од задачите и на Локалниот младински совет, кој е во процес на формирање, е да се овозможи поврзување меѓу младите и државните институции, но и приватниот сектор. Нивното вмрежување ќе овозможи младите да стекнат повеќе компетенции, знаења, да бидат финансиски независни и да се придонесе кон намалување на младинската невработеност.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...