Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на завршниот настан од 4-дневната мултинационална Обука за мировни операции, одржана од страна на Командата на Бригада на Југоисточна Европа во РСМ (СЕЕБРИГ) и мултинационалниот Центар за обука за мировни операции од Кукуш, Р.Грција. Целта на настанот е оспособување за цивилно-воена соработка. Дел од оваа обука беа и професори по англиски јазик од општинските средни училишта.
Извор: Општина Куманово