spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Ќе се чисти депонијата за цврст комунален отпад во Гевгелија

МЖСПП: Ќе се чисти депонијата за цврст комунален отпад во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, оствари работна средба со директорот на ЈКП „Комуналец“ од Гевгелија Златко Зумров и претставниците на компанијата Building-Development Holding што го доби тендерот за затварање на депонијата за комунален цврст отпад во Гевгелија.

 

На средбата се разговараше за временската рамката и динамиката за реализација на планираните активности. Користејќи го остатокот од 500 илјади евра од алоцираните средства за пречистителната станица за отпадни води, Министерството во соработка со општина Гевгелија побара искористување на овој буџет за цели на потполно затворање на оваа депонија, пред сé заради тоа што и депонијата во Ново Коњско стана оперативна по изградбата потребната инфраструктура, како што е пристапниот пат и енергетиката. Се проценува дека на локацијата има повеќе од 30,000m³цврст отпад, кој што најрвин треба да се збие до густина од 900kg/m3 и соодветно да се прекрие според барањата на затворање на депонии за цврст отпад. Претходно, во согласност со планската документација за локацијата ќе биде изработен бетонски ѕид на коритото на реката, кој што има задача да спечи ерозија на компактираниот отпад, како и неконтролирано истекување на исцедок во речното корито.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...