МЖСПП: Општина Кочани успешен модел во Европскиот Зелен појас

МинистерстваМЖСПП: Општина Кочани успешен модел во Европскиот Зелен појас
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во инфо центарот Пониква, заедно со германската амбасадорка Анке Холштајн и претставниците на Македонското еколошко друштвоучествуваше на настан за доделување награда на општина Кочани од страна на EuroNatur, како успешен модел на општина во рамките на Европскиот Зелен појас.

 

Нагласувајќи ја важноста на Европскиот зелен појас, Шукова истакна дека во Источно Планскиот регион воспоставено е ново заштитено подрачје – Заштитен предел Осоговски Планини, а во тек се активности за изработка на Нацрт-План за негово управување. Истотака се спроведуваат тековни активности за прогласување на дел од Малешево за ново заштитено подрачје-Заштитен предел. Воедно дел од Малешево е идентификувано како значајно подрачје за идната Натура 2000 мрежа, која треба да се развие на национално ниво. Во останатиот дел од Европскиот зелен појас, кој влегува на територијата на РСМ значајно е да се напомене дека се донесени нови Планови за управување со НП Пелистер и Споменик на природа – Вевчански Извори; изработени се планови за управување со НП Галичица, Споменик на природа-Преспанско Езеро и извршена е валоризација/ревалоризација на повеќе значајни делови од природното наследство, кое е дел од Европскиот зелен појас.

 

Министерството за животна средина и просторно планирање како членка на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН) во чии рамки се спроведува иницијативата за Европски зелен појас континуирано спроведува низа активности кои даваат придонес кон заштита и зачувување на биолошката разновидност, валоризација на природните вредности, прогласување на заштитени подрачја и идентификација на Натура 2000 подрачја.

 

Државниот секретар Шукова ги повика засегнатите страни на заедничка соработка со цел подобра заштита и промоција на природните вредности особено во заштитените подрачја.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img