МЖСПП: Можности за одржливо и зелено закрепнување од КОВИД кризата

МинистерстваМЖСПП: Можности за одржливо и зелено закрепнување од КОВИД кризата
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како еден од говорниците на Економскиот форум што се одржа завчера во Скопје, зборуваше за можностите за одржливо и зелено закрепнување на државата од КОВИД кризата.

Според Нуредини КОВИД кризата беше стрес- тест за сите институции, и никој од нас не беше подготвен. Но, од друга страна отвори можност и предизвик опоравувањето на економијата да го направиме на „зелен“, одржлив начин.

При тоа Нуредини ги посочи Ревидираните национали придонеси кон Договорот од Париз во кои веќе е проектиран сет од 63 мерки кои иако се однесуваат на постигнување на националната цел за намалување на емисиите на стакленичките гасови за 51%, исто така се применливи и како мерки за опоравување од КОВИД кризата и за обезбедување на одржлив развој на државата.

„Мора да се разбере дека со овие мерки се отвараат можности за нови работни места, за зелени работни места, се поттикнува приватниот сектор кој веќе ја препознава поврзаноста на економскиот развој со промена во пристапот и изборот на нови технологии, користење на обновливи извори на енергија, и се влијае и на промена на однесувањето на потрошувачите. Во крајна линија мерките се проектирани да ги развиваат локланите бизниси, се трудово интензивни, го намалуваат чинењето на производниот процес, отвораат нови работни места и поттикнуваат користење на локално произведени материјали што само по себе значи одржлив развој“, рече Министерот.

Ekonomski_forum_Nuredini_1Определба за имплементација на Зелената агенда, Нуредини ја окарактеризира како определба да се оди по патот кој води кон Европскиот Зелен Договор. Нашата држава веќе има имплементирано дел од целите на Зелената агенда, се отворија поголеми можности за развој на регионалната соработка и се зголеми пристапот до нови инвестициски фондови.

Нуредини се осврна и на отпадот како едно од клучните актуелни прашања во животната средина, споменувајќи дека сега конечно имаме системски пристап во решавањето на ова прашање. Креирани се новите политики и регулатива за областа, се обезбедуваат средставата за реализација на регионалниот систем за управување со отпадот и обезбедени се условите за развој на циркуларна економија, рециклирањето, реупотребата на материјали како секундарна суровина и отварање на нови зелени работни места во оваа област.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img