spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: - „Испорачување на ветувањето од ЕУ: Да се види за да...

СЕП: – „Испорачување на ветувањето од ЕУ: Да се види за да се верува“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на Скопскиот економски форум имаше обраќање на панелот насловен „Испорачување на ветувањето од ЕУ: Да се види за да се верува“, заедно со Амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и Гашпар Довжен, државен секретар на МНР Словенија.

Транскрипт од излагањето на ЗПВ Димитров
Превод од излагањето на ЗПВ Димитров

Во рамки на дебатата посветена на ЕУ и Западниот Балкан, беа отворени прашања за иднината на пристапниот процес со земјите и регионот како двостран и двонасочен процес што подразбира исполнување на двете страни, како и одразот на сите овие прашања врз кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во региониот и глобално.

Вицепремиерот Димитров нагласи дека европската визија за Западниот Балкан и процесот на проширување мора да биде зајакната со политичка одговорност и одлучност, во име на заедничките цели и вредности, како и во име на дадените ветувања.

Димитров: „Како заменик претседател задолжен за европски прашања станува сè потешко за мене да разговарам со нашите граѓани и да го одржам наративот дека европската интеграција е навистина можна. Навистина ни треба придвижување. Овој регион е опкружен со земји-членки. Економски, политички и историски, културолошки, припаѓаме на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења за поддршка и за исполнување на ветувањето дадено во Солун. Ние немаме алтернатива, освен да станеме функционална европска демократија, што доаѓа заедно со економски просперитет. Ние ќе продолжиме да ги спроведуваме реформите реформи, бидејќи ги правиме за нас. Но, процесот на пристапување, што е алатка за реформа, ќе ни помогне да го направиме тоа подобро.

Многу министри сега јавно изјавуваат дека ова е исто така проблем за самата ЕУ и на некој начин оваа блокада не е само над европската иднина на Северна Македонија, туку ги блокира и политиките на Европската Унија кон Балканот, така што ние сме во ова – на некој начин – заедно. Или ќе имаме неуспех за сите страни, вклучително и за соседите во Бугарија, или имаме победа за сите страни. Направивме сѐ што можеме, отворени сме, искрени сме и веруваме дека е можно европско решение кое е во согласност со европските вредности.“

Димитров се заблагодари на словенечкото претседателство за нивните планови во однос на Западен Балкан, но и на напорите на португалското претседателство за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. Во тој контекст, тој подвлече дека Владата останува посветена на реформите, како алатка за европеизација на земјата и внесување општествени промени. Тој додаде дека е особено важно, во периодот по пандемијата да се искористи европската финансиска помош од 9 милијарди евра за Западен Балкан, како и фондовите за закрепнување на земјите членки, за да се испорачаат ветувањата дадени кон граѓаните.

Димитров: „Сметам дека треба да ги здружиме силите, да размислуваме стратешки. Имаме визија, а тоа е добра почетна позиција за конвергенција и премостување на разликите меѓу Балканот и Европската Унија во економска смисла. Сите знаеме дека влогот е огромен и сметам дека имаме можност за успех, што треба да го искористиме во месеците што доаѓаат. Се разбира, проевропските сили ќе станат послаби ако не успее европската визија во овој регион и тоа не треба да го потценуваме.“

Словенечкиот државен секретар Довжан потенцираше дека вклучувањето на Западниот Балкан во ЕУ не е само од интерес на земјите од регионот, туку и геостратешка потреба на Унијата. Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан ќе биде еден од приоритетите на словенечкото претседателство, како континуитет на португалското претседателство, при што особен фокус ќе се стави на напорите за одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.

Амбасадорот Гир ја повтори позицијата на Европската комисија дека почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија останува приоритетно прашање и дека процесот на проширување мора одлучно да се движи напред.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...