СЕП: Втора виртуелна средба на вицепремиерот Димитров со младите, организирана од Американските катчиња

ВладаСЕП: Втора виртуелна средба на вицепремиерот Димитров со младите, организирана од Американските...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во рамки на серијата виртуелни средби во организација на Американските катчиња, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска учествуваше на второто Младинско градско собрание (Youth Town Hall), со претставници од катчињата од Штип, Скопје и Тетово. Целта на овие виртуелни средби е овозможување отворен разговор на теми поврзани со Европската Унија и процесот на пристапувањето на Северна Македонија.

 

Димитров разговараше со младите за придобивките од членството во ЕУ и одговораше на нивните прашања околу пристапниот процес. Тој им порача на младите луѓе дека отпочнувањето на пристапните преговори ќе ни даде надеж, но од исклучителна важност е институциите и младите да ги здружат силите за надминување на проблемите:

 

Димитров: „Наше е да продолжиме да работиме, во принцип самото зачленување нема нас преку ноќ да не’ направи идеални. Пристапниот процес е процес на реформи и алатки за реформи, каде имаме машинерија од Брисел која не’ мониторира, ни помага. Имаме европски фондови кои ни помагаат да го подобриме квалитетот на живот. Многу е битно – бидејќи ова го правиме за нашите граѓани, за следните гернерации – работата дома да не застанува, без разлика на политичките предизвици со нашите соседи од Бугарија. И токму тоа е идејата на „Агенда: Европа дома“ – на некој начин насловот тоа се обидува да го преслика – обезбедување на европски начин, европски стандард на живот дома“.

 

Покрај средношколци и студенти, на втората виртуелна средба на Младинското градско собрание се вклучија и претставници на младински граѓански организации од Скопје, Тетово и регионот на Штип. Најголем интерес за разговор кај учесниците имаше за прашања поврзани со животната средина, билатералните прашања и нивно надминување, младинските политики и зголемениот тренд на отселување на младите. Вицепремиерот подвлече дека иако членството во ЕУ нуди многу можности за младите за студирање, живеење и работење во земјите членки на ЕУ, истовремено влијае и врз намалување на потребата да се оди надвор.

 

Димитров: „Решението е да си ја направиме нашата држава подобра, да обезбедиме еднакви шанси за младите да можат да напредуваат согласно своите способности, да има фер натпревар, повеќе меритократија. Колку повеќе ќе си направиме дома да ни биде подобро, толку помали ќе бидат причините да се оди надвор.“

 

Вицепремиерот се заблагодари за интересот на младите да учествуваат во дискусијата и им порача да веруваат во себе и да продолжат да бидат активни во областите кои им се од интерес.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img