spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Асоцијацијата „АЛМА“ по третпат со донација за Велес

Велес: Асоцијацијата „АЛМА“ по третпат со донација за Велес

Делегација на Асоцијацијата „Алзас Македонија- АЛМА“ и француската организација „Надеж на истокот“ денеска примпредадоа донација во медицинска опрема за Велешани. Донацијата вредна околу 35.000 евра се состои во електрични медицински кревети за тешко подвижни и болни лица како и стоматолошка опрема.

Донацијата во соработка со граѓанските организации ќе се користи за семејствата кои имаат потреба од помош и поддршка, а стоматолошката опрема ќе ја користи Здравствениот дом во Велес. Како што изјави Жак Шлеф, претседател на АЛМА, неговата организација донира опрема во повеќе градови во државава, но Велес како град во кој тој лично престојуваше 2 години има приоритет.

Ова е трета донација на асоцијацијата АЛМА за Велес. Во март годинава организацијата донираше едукативна опрема за училиштата, а во изминатиот период обезбеди и медицинска опрема за Здравствениот дом во Велес.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...