spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Заменети 470 натриумови со нови лед- арматури

Гевгелија: Заменети 470 натриумови со нови лед- арматури

Одржувањето на уличното осветлување редовно се спроведува како во градот, така и во сите населени места во општината, како и во планиските туристички места: Конско, Хума, Серменин и Смрдлива вода. Со ваквиот начин на работење, ефикасноста е значително зголемена и во моментов уличното осветлување во целата општина е во добра состојба, констатира Советот на Општина Гевгелија на последната седница, по расправата за состојбата со јавното улично осветлување.

Според информацијата на Одделението за комунални работи и локални патишта на општина Гевгелија, кое ја следи состојбата со уличното осветлување и навремено презема нерки за подобрување на состојбата, контролата на уличото осветлување се врши двапати неделно. По направениот увид, се врши замена на прегорените сијалици, а дефектите на јавното осветлување при навремена пријава се острануват веднаш. Се постапува и по поединечни барања на граѓани кои писмено или усно се обраќаат до општинската администрација или преку Систем 48.

Покрај отстранувањето на дефектите, се врши и замена на натриумовите со нови лед-арматури, така што досега се поставени 470 лед- светилки, од кои 368 оваа година. Со поставувањето на новите лед светилки се добива подобро осветлување, голема заштеда на електрична енергија како значително намалување на трошкови за нивно одржување. На булевар „Гевгелија“, од кружниот тек со улица „М. Пецанов“, заменети се сите натриумови араматури од 250 вати и поставени нови лед-арматури од 150 вати. Исто така, старите арматури беа заменети со нови 100-ватни лед-светилки на ул. „М. Тито“, од Касарната до Железничка станица, на улицата „Железничка“ (од ул. „Илинденска“ до ул. „С.М.Данко“), на улицата „7-ми Ноември“ (од „Винојуг“ до стариот Пазар), како и на улица „Г.П.Одреди“. 150-ватни нови лед-арматури беа поставени и на улиците „С.М.Данко“ и „Радован Ковачевик“.

Нови лед-арматури беа поставени и во населените места Негорци, Миравци и Богородица. Комплетно ново лед-осветлување е поставено и во паркот до Железничка станица. Исто така, значително се подобри осветлувањето на улиците „Коле Неделковски“, „Љубљанска“, „Сава Михајлов“, „Железничка“ и „Панче Пешев“, каде сите канделабри беа заменети со нови лед-светилки. Нови лед-арматури беа поставени и пред ООУ „Ксте Мисирков“ и улица „Таља Бикова“. Додека, нови лед-рефлектори има поставено и на училишните игралишта кои работат со тајмер до 24 часот.

Паралелно со замена на натриумовите арматури, се врши проширување на уличната мрежа на улици кои досега немаа улично осветлување. Се планира и осветлување на други локации, каде што има потреба од истото. Изведувач на работите е компанијата „АБА ПЕЛИВАНОВ ДООЕЛ“ од Фурка, Дојранско, која на тендерската  постапка имаше најповолна понуда.  Инаку, со потпишаниот договор за реализација на овој тендер беше опфатено и фарбањето на 12-метарски метални столбови долж булевар „Гевгелија“, како и дел од улицата „С.М.Данко“ (вкупно 59 метални столбови). Исто така, беа офарбани 112 канделабри на улица „Коле Неделковски“, како и сите канделабри во централното градско подрачје.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија