spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Средба со Доминик Лерој, член на управниот одбор на Дојче Телеком

МИОА: Средба со Доминик Лерој, член на управниот одбор на Дојче Телеком

За време на престојот во Барселона, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири заедно со директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акики, остварија средба со Доминик Лерој, член на управниот одбор на Дојче Телеком.

 

За време на состанокот се разговараше за прашања од заеднички интерес меѓу МИОА и Телеком, нови телеком услуги и проекти за наши граѓани и проекти планирани за нови инвестиции, подобрување на дигиталната комуникациска инфраструктура, нови технологии како што се 5G, SmartCity, решенија за заштита на животот, животната средина и дигиталниот екосистем како целина, како и можната помош што Телеком ќе ја добие од јавните институции со цел да ги спроведе овие проекти.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Премиерот Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта

0
Денес во Минхен, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.  На средбата се разговараше за европските интеграции, за...