МНР: Османи, Лајчак и Рау во Познан имаа заедничка изјава

МинистерстваМНР: Османи, Лајчак и Рау во Познан имаа заедничка изјава
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по завршувањето на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, во својство на претседавач со Фондот за Западен Балкан, заедно со полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, имаа изјави за медиумите.

Османи истакна дека Вишеградската четворка претставува пример и инспирација за начинот на кој треба да се одвива регионалната соработка меѓу земјите од Западниот Балкан.

„Ние навистина имаме извонредна можност да научиме од вашите искуства. Особено во поглед на тоа како, и покрај постоењето на одредени разлики, вие сепак успевате да разговарате и да градите заеднички позиции за важни прашања пред важни европски совети и самити“, нагласи Османи.

 

Во изјавата, Османи се осврна и на процесот на проширување, регионалната соработка, како и за очекувањата од претстојното Словенечко претседателство со Европската унија и во тој контекст нагласи:

 

„Последните Совети на ЕУ, покажаа дека разговорите околу начинот на кој треба да се обезбедат делотворни процеси на пристапување за сите наши земји не се завршени, туку напротив, можеби само што започнале. Република Северна Македонија искрено се надева дека за време на Словенечкото претседателство со ЕУ ќе имаме поподготвен терен за донесување важни одлуки во врска со европската перспектива на земјата и на целиот регион“.

 

Состанокот на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, оваа година се одржува во Познан, во рамките на полското претседавање. Министрите на маса имаа бројни теми за дискусија како што се градењето на мерки за економско заздравување од пандемијата, продлабочувањето на заедничкиот регионален пазар, инвестициите во образованието, дигитализацијата и другите инфраструктурни проекти и зелени иницијативи, како и други теми од поширок меѓународен карактер.

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img