spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Соработка помеѓу институциите во борбата против корупцијата

ДКСК: Соработка помеѓу институциите во борбата против корупцијата

На 28.06.2021 година се одржа настан на тема „Соработка помеѓу институциите во борбата против корупцијата: Научени лекции и унапредување на соработката“ во организација на Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на Проектот за граѓанско учество во поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)

Проектот има за цел да го зајакне владеењето на правото и транспарентноста преку соработка   помеѓу институциите, да обезбеди техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија и Академијата за судии и јавни обвинители, но и соработката и постапувањето на другите надлежни тела како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.

Целта на конференцијата е да се истакне важноста за заеднички акции и соработка и да се вклучи и меѓународното искуство кон ова. На неа говорници беа:

Г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на Транспаренси Интернешнл-Македонија

Г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси

Г-дин Горан Лазаревски, Директор на Проектот на УСАИД за граѓанско учество

Драго Кос, Претседател на работната група за поткуп на OECD

Г-дин Владимир Георгиев, Член на Државната комисија за спречување на корупција

Проф. Д-р. Наташа Габер Дамјановска, Директорка на Академија за судии и јавни обвинители.

Во своето обраќање Владимир Георгиев ја истакна неопходноста од соработка со другите надлежни институции во справувањето со корупцијата, особено во фазата на постапување по наодите, препораките и иницијативите од ДКСК.

Во прилог е линкот од целиот настан https://www.youtube.com/watch?v=2oZcanuwBTY

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...