spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Увид во реконструкцијата на водоводната мрежа на н.м Камењане

МТВ: Увид во реконструкцијата на водоводната мрежа на н.м Камењане

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи ја посети општина Боговиње каде заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Боговиње, Албон Џемаили, извшија увид во реконструкцијата на водоводната мрежа на н.м Камењане.

 

Со проектот се предвидува реконструкција и рехабилитација на старата водоводна мрежа во населено место Камењане.

 

“Министерството за транспорт и врски е силно посветено на континуирана поддршка на општините преку разни програми со кои реализираме капитални проекти од огромно значење за граѓаните и локланите самоуправи. Денеска сме присутни да дадеме посебен фокус на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во Камењане. Предвидено е да се реконструираат 13.5 км водоводна мрежа и тоа 8.5 км од првиот извор (Синички извор) и 5км од вториот извор (Бели води). Со овој проект ќе се обезбеди од 20,00 л /с што е доволна за потребите на околу 5 илјади жители што живеат на ова н.м. За овој проект обезбедени се се 244 илјади евра од министерството и очекуваме да биде завршен во рок од 9 календарски месеци. Дополнително обезбедени се уште 350 илјади евра за реконструкциа на водоводот во н.м Палчиште.” – изјави заменик министерот Беким Реџепи.

За градоначалникот Џемаили инвестициите во инфраструктурата ќе придонесат за побрз развој на општината и подобрување на условите за живеење на жителите на општината.

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...