spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Силна градежна експанзија во Тиквешкиот регион

МТВ: Силна градежна експанзија во Тиквешкиот регион

Реализацијата на проектите финансирани преку Министерството за транспорт и врски продолжува со силно темпо. Денеска сум во Кавадарци да означиме почеток на реконструкција на уште три улици во градот. Преку 1 милион евра Владата обезбеди за реконструкција локалните улици во Кавадарци, истакна министерот Благој Бочварски при вчерашната посета во општина Кавадарци.

 

Министерот Бочварски и градоначалникот Митко Јанчев го потпишаа договорот за реконструкција на три улици во општината, а воедно извршија и увид во градежните работи на улица Браќа Џунови, како дел од проектот за поврзување со локлнаи патишта.

„Денешната посета на општина Кавадарци ја искористив со градоначалникот да го потпишеме договорот за реконструкција на три улици во општината и тоа Илинденска, Пионерска и Браќа Џунови. За реконструкција на овие улици се инвестираат вкупно 20 милиони денари.

 

На општина Кавадарци преку проектот Поврзување со локални патишта распределени се 1 милион и 133 илјади евра за реконструкција и санација на улиците во градот. Денеска се наоѓаме на увид на реконструкција на улица Браќа Џунови. Градежните работи се веќе започнати и очекувам оваа улица да биде заврпена за неколку недела, а сите три улици да се завршат за околу десетина месеци колку што е предвидено во договорот “ – изјави министерот Бочварски.

Тој додаде дека општината аплицирала со нови два проекти за реконструкција на улиците Дисанска и Западен Булевар.

Министерот Бочварски исткана дека поддршката од централната власт е значајна за Тиквешкиот регион, потенцирајќи го проектот за рехабилитација на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, изградба на дел од водоводна мрежа низ градот, реконструкцијата на транзитот низ Кавадарци, патниот правец до Росоман, како и изградбата на нов мост во Ваташа.

Градоначалникот Митко Јанчев истака сите овие локални проекти се од огромно значење како за граѓаните така и за финанисиска подршка на општините.

 

„Ова е меѓу првите вакви проекти каде што Владата заедно со Министерството одвои 70 милиони евра за општините во Република Северна Македонија. Тоа е од големо значење за сите општини бидејќи овие улици доколку чекавме да ги реконструираме од сопствени буџети, мислам дека е скоро невозможно да го направиме тоа и во наредните 10 години. Ја пратиме динамиката на изградба на нови улици, а беше позапоставена реконструкцијата на постоечките улици кои се изградени пред 20-30 години, изјави градоначалникот Јанчев.

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија