spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Развива меѓуопштинска соработка во регионот

Аеродром: Развива меѓуопштинска соработка во регионот

Претставници на Општина Аеродром во изминатите три дена посетија неколку градови во Западен Балкан и воспоставија контакти и меѓуопштинска соработка со низа општини од повеќе држави во регионот.

Спроведувајќи европски начин на дипломатија (почетната иницијатива беше базирана врз несебични вложувања на општините во спортот и кошаркарски клубови што учествуваат во регионалната АБА-лига), остварени беа средби со високите раководства на следниве општини:

–          Елези Хан (Косово) – реализација на ЕУ-проектот за меѓугранична соработка;

–          Шенгин (Албанија) – размена на културни вредности;

–          Подгорица (Црна Гора) – промоција на едукативни проекти;

–          Мостар, Сараево (БиХ)

–           Чаетина – Златибор (Србија) – можности за разработка на европски проекти за туризам и  рурален развој;

–          Ниш – Палилула (Србија) – збратимени градови со мултифункционални заемни активности и неограничени можности за идна сестрана соработка.

„Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја промовираше својата одлучност да прерасне во лидер во регионот, кој несебично ќе ги разменува идеите и иницијативите за инкорпорирање европски проекти, вредности и стандарди согласно со Стратегијата за локален економски развој. Европското знаменце не е само привилегија, туку и обврска за размена на европските вредности, ставови и проекти во регионот, посочува Александар Ѓорѓиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот Златко Марин.

Сите општини од регионот со кои се воспостави оваа соработка изразија желба за интензивна размена на искуства, знаења, проекти и можности за меѓународна општинска соработка и европски начин на работа.

2.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...