Берово: Секундарна и примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро

ОпштиниБерово: Секундарна и примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Започнуваат активностите  за  изградбата на секундарна и примарна мрежа во  туристичка  населба Беровско Езеро, долгоочекуван проект за сопствениците на викендици, но и за граѓаните гостите и туристите.

Најповолниот економски оператор е воведен во градба и започнува со реализација проект  за  „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа  и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“.

Истиот ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката наслеба Беровско Езеро, а ќе се изгради помеѓу веќе постоечките резервоари и ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и домаќинства со што  во значителна мера, ќе ги подобриат условите за развој на туризмот.

Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани. Во проектот се предвидени и подземни против пожарни хидранти.

Проектот е истакнат како еден од најголемите  приоритети и на средбите со граѓани и невладини организации,  кои што Градоначалникот Пекевски ги оствари во процесот пред креирање на Буџетот за 2021 година и посебно е истакнат како приоритет преку ,,Здружението на туристички работници и  сопственици на викенд ќуќи на Беровско Езеро”.

Средствата во износ од околу 7.100.000,00 , се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ,  а целокупната постапка  е спроведена преку Министерството за транспорт и врски.

Извор: Општина Берово

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img