spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedКочани: Ја подобрува енергетската ефикасност во училиштата и градинките

Кочани: Ја подобрува енергетската ефикасност во училиштата и градинките

За подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти, од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година на Генералниот секретаријат, Општина Кочани доби 2 милиона денари.

 

Според одговорните служби од Општината, износот е добредојден и ќе биде наменет за замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати во основни – централни и подрачни училишта и во објектот „Бамби“ на Детската градинка во Кочани.

– Средствата што ги добивме преставуваат надградба на општинскиот буџет и на општинските мерки за заштита на животната средина и значајно ќе помогнат да ги комплетираме позициите што ќе влијаат на подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Минатата година од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Генералниот секретаријат, Општина Кочани доби 30 инвертер-клими за основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...