Една од важните средби за време на посетата на министерот Шаќири во Барселона беше средбата со заменик Министерот за транспорт и инфраструктура во Владата на Турција, г. Омер Фатих Сајан. Дел од оваа средба беа и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акики, генералниот директор на Турксел, г. Мурат Еркан и претставници од органот за информатички и комуникациски технологии во Турција.
На состанокот се разговараше за конкретни проекти каде Турција би помогнала во спроведувањето на владините електронски услуги, можноста за партнерство или соработка со мобилните оператори, како и за сателитските системи што Турција веќе ги произведува и ги пушти во употреба.
На крајот на состанокот, заменик министерот Сајан упати официјална покана до министерот Шаќири за работен состанок во Турција и очекува оваа посета да се одржи во блиска иднина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација