spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Земјоделците се повеќе ги препознаваат придобивките од здружувањето

МЗШВ: Земјоделците се повеќе ги препознаваат придобивките од здружувањето

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, во пресрет на Меѓународниот ден на задругарстото, присуствуваше на настан во Ресен.

Овогодинешното мото на Меѓународниот ден на задругите е  „Заедно до подобра обнова“. Задругите ширум светот, ќе покажат како реагирале на  пандемската криза на КОВИД-19 со солидарност и издржливост, нудејќи им на заедниците еколошко закрепнување насочено кон луѓето, преку почитување на планетата како наш единствен заеднички дом.

Во опкружување на јаболковиот насад на Земјоделската задруга Преспа Епл, во село Асамати, Ресен, министерот Хоџа заедно со претседателот на Мрежата на земјоделски задруги, Менде Ивановски им порача на присутните задругари преку личен пример да ја шират веста за моделот на задругарството кој носи многу придобивки.

 

„ Ние навистина заедно ќе обновиме и изградиме подобро! Уверен сум дека ќе видиме многу успешни приказни за тоа како кооперативното движење може да им помогне на заедниците, да станат посилни во постпандемискиот свет.

Овој ден, нека биде повод да се прошири веста за тоа како задругарскиот модел насочен кон човекот, поддржан од кооперативните вредности на самопомош и солидарност, може да ја намали нееднаквоста и да создаде заеднички просперитет“ изјави Хоџа. Тој додаде дека земјоделците се повеќе ги препознаваат придобивките од здружувањето. За тоа зборува бројката од  63 задруги, запишани во Регистарот за задруги на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Хоџа ги потенцираше  заложбите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поттикнување на задругарството во Република Северна Македониија.  Активностите за поддршка на здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги се содржани во мерката „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021, во која се предвидени финансиски средства за поддршка за инвестиции за следните намени:

  • помош за основање и функционирање на земјоделски задруги;
  • инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина до 90% од вкупната вредност на инвестицијата и
  • организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи.

Обединувањето, односно здружувањето на земјоделските производители во Организации на производители, овозможува концентрација на земјоделското производство, планирање и адаптирање на производството во согласност со побарувачката на пазарот во однос на квалитетот и квантитетот на понудената количина, намалување на трошоците за производство, зголемување на преговарачката моќ на земјоделските производители при склучувањето на договорите со трговците на големо и трговците на мало, како и постигнување на подобра реализација на пазарот.

На крајот од настанот, беа доделени и благодарници за активен придонес кон развој на македонското задругарство.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...