spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите

МЗШВ: Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Институтот за земјоделство, Конзорциумот We Global, Националната федерација на фармери и други невладини организации, присуствуваше на свечена церемонија со која официјално се затвори проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“. Проектот е спроведен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од страна на Конзорциумот WeGlobal и неговите партнери, со финансиска поддршка од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, во вредност од 896.400 илјади евра.

 

Проектот започна на 4 декември 2018 година и траеше 31 месец. Главната цел на проектот е унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор како и зајакнување на капацитетите во Министерството, Земјоделскиот инспекторат  и другите релевантни институции во делот на уредување на земјоделските пазари.

 

„Уредувањето на земјоделските пазари претставува основа за зголемување на пазарните можности, економскиот развој, како и севкупната продуктивност во земјоделскиот сектор со унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор согласно барањата за пристапување во ЕУ. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како креатор на политиките, вложува огромни напори да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители“ изјави министерот Хоџа и додаде дека реформирањето на секторот земјоделство со воведување и имплементација на сите пазарни стандарди, како и уредување на земјоделските пазари ќе им помогне на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ.

Министерот Хоџа дополни дека со имплементација на овие политики се воспоставуваат одредени правила, како и сет на мерки за регулирање и поддршка на земјоделските пазари во насока на нивно нормално функционирање и одржливост. Со тоа се овозможува интервенција на пазарите во случај на пазарна нестабилност, поттикнување здружување на производителите, создавање на здрави навики за исхрана кај децата преку воведување училишните шеми, како и овозможување на праведни трговски односи меѓу производителите и откупувачите.

Штефен Худолин, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во своето обраќање се осврна на постигнатите резултати и се она што е сработено за времетраењето на проектот:

–           Изработката на подзаконски акти и национална програма за спроведување на училишните шеми за достава на бесплатно овошје, зеленчук, млеко и млечни производи во градинките и училиштата

–           Изработката на национална стратегија и програма за поддршка и развој на пчеларството

–           Изработка на нов национален предлог -Закон за уредување на земјоделските пазари

–           Изработка на 7 годишни програми за работа на постојаните потсекторски групи за : овошје, зеленчук, вино, житарици, млеко и млечни производи, мед и вино, како и спроведени обуки на членовите од потсекторските групи

–           Подзаконски акти и предлог измени на законската рамка во делот на стандарди за квалитет на свежото овошје и зеленчук

–           Обуки на инспекторите и изработка на детален Прирачник за контрола на квалитетот на свежото овошје и зеленчук

–           Подзаконски акти за воспоставување на организации на производители, нивно функционирање, подготовка на оперативни програми итн.

 

Уредувањето на пазарите на земјоделските производи на начинот на кој тоа го има уредено Европската Унија е од исклучително значење за земјоделскиот сектор на Република Северна Македонија и се очекува силно позитивно подобрување на конкурентноста на домашните земјоделски производи.

Овој проект беше многу успешен и во негови рамки се реализираа голем број на активности, кои придонесоа за целосна хармонизација со европските регулативи. Во следниот период Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство, започнува со имплементација на придобивките од усвоените резултати на проектот со цел подготвено да одговориме на предизвиците кои доаѓаат од нестабилноста на светската економија, од климатските промени и социо-демографските трендови.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанстсво упати голема благодарност до Делегацијата на Европската Унија за нивната континуирана поддршка во реформирањето на земјоделскиот сектор, и до проектниот тим и експертите што ја овозможија реализацијата на овој проект.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...