spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗа цел еден мандат СДСМ не успева да заврши или да изгради...

За цел еден мандат СДСМ не успева да заврши или да изгради 2 километри автопат

Почитувани,

 

Како што наближуваат локалните избори така владината машинерија за информирање и дезинформирање стапува на сцена.

 

Сведоци сме на настани на кои владини функционери предводени од министерот за транспорт и врски господинот Благој Бочварски одат на терен, се сликаат, даваат изјави за медиуми и за јавноста и откако камерите ќе се изгаснат теренот си останува и натаму во состојба во која што бил и претходно, а тоа е инфраструктурно запоставени региони во државата.

 

Министерот за транспорт и врски не треба да прави изборна кампања и да оди по општините и да промовира изградба или реконструкција на некоја уличка туку тоа треба да го прават самите градоначалници на СДСМ, а сме сведоци дека тоа не го прават и дека општините не бележат никаков прогрес, напротив сведоци сме само на носење на штетни ДУП-ови, кои воопшто не го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, туку го подобруваат само оној квалитет на поединците кои што се дел од синџирот на онаа таканаречена урбана мафија.

 

Владата на СДСМ треба да се грижи за изградба и за одржување на главните инфраструктурни коридори на Република Македонија. А, од тоа што гледаме на терен владата сосема неуспешно го прави тоа.

 

За тоа ние сега, ќе ги потсетиме кои треба да бидат нивните приоритетни инфраструктурни проекти:

 

Пред се изградба на автопатот Кичево – Охрид.

 

Овој автопат го започнавме во 2014-та година, при примопредавање на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во 2017-та година имавме сериозен прогрес од скоро 50-тина проценти и веќе сега 4 години не можеме да видиме дека овој процент драстично расте. Постојано или се допроектира нешто, или се прават нови анекси, се зголемува вредноста на чинење на автопатот, се зголемуваат и оние рокови кои што се дадени првични, наместо автопатот да биде готов во 2018-та година се касни до тој степен што најновиот рок даден е 2024-та година или 2025-та година според нови сознанија. На сето ова темпо и со оваа слаба посветеност на оваа влада имаме сериозни сомнежи дека дури и овој најдов даден рок како и претходните рокови нема да биде запазен.

 

Побрза изведба на автопатот значи и помалку трошоци за Буџетот на Република Македонија, колку за една илустрација ќе наведеме само еден пример во кој што ЈПДП пред 15-тина дена склучил договор за надзор за изведба на автопатот Кичево – Охрид во вредност од нешто над пола милијарда денари. Доколку овој автопатот навремено беше завршен од страна на СДСМ овој договор немаше да биде склучен и овие половина милијарда денари ќе беа пренаменети во изградба на некои поквалитетни проекти во инфраструктурата.

 

Ќе се префрлиме и на пократката делница, изградба на автопатот Скопје кон Блаце. Овој автопат беше ветен во 2016-та година во изборната програма на СДСМ, а сега сме 2021 година и истиот не е завршен, значи цел еден мандат СДСМ не успеваат да завршат или да изградат 2 километри автопат.

 

Проектирање и изградба на автопатот од Гостивар кон Кичево. За цел мандат не се успеа да се проектираат првата делница од Кичево кон Букојчани, кој се започна со проектирање од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и еве сме после 5 години со скоро никаков прогрес во проектирање на овој автопат, а да не говориме за негова изведба.

 

Потоа, во областа на железничкиот транспорт сликата е се полоша, дали запалени, дали превртени возови станаа секојдневна глетка. Негрижата и неодржувањето е се почеста и поочигледна. Изградба на Коридор 8, односно на пруга која што веќе стана славна од Куманово до Бељаковце – Крива Паланка – граница со Република Бугарија и од натаму останува нерешена енигма за ресорот транспорт и врски предводено од СДСМ и покрај тоа што многу пати ветуваа и даваа рокови кои што самите си ги пробиваа и даваа нови рокови. Македонија и натаму останува единствена земја во регионот која што целосно е железнички меѓународно изолирана.

 

Затоа препорачуваме на актуелната власт наместо водење на локални кампањи да се фатат за работа и да се фокусираат кон изградба на капитални проекти во областа на инфраструктурата. Оние проекти кои што се од државен интерес. А, доколку немаат умеење за оваа работа и немаат способност овие да ги изградат, само нека застанат на страна и нека почекаат до наредните избори, а ние ќе им кажеме како успешно и експресно се гради државната инфраструктура.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...