АХВ: Правиме сѐ, граѓаните да консумираат здрава и безбедна храна

Самостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Правиме сѐ, граѓаните да консумираат здрава и безбедна храна
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Николче Бабовски, директорот на АХВ, во изјава за Агротим вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство како институција прави сѐ што е во нејзина можност за граѓаните на нашата држава да консумираат безбедна храна.

 

 

И кај нас и секаде во светот 100% безбедна храна не постои. Кој би го рекол тоа, не би ја кажал вистината. Како институција ние преземаме сѐ што е во наша ингеренција, во наша можност, нашите граѓани да бидат во можност да се хранат со здрава и безбедна храна.“, рече Бабовски.

Бабовски нагласи дека редовно се спроведуваат инспекциски контроли и континуирано се следат сите промени во светското и европското законодавство.

Инспекциските контроли се спроведуваат и кај економските оператори и на граничните премини и во примарното производство. Континуирано ги следиме сите промени што се случуваат и во светското и во економското законодавство. Безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојба на животните ни е еден од приоритетите со којшто се занимава секој еден во Агенцијата за ветеринарство, изјави меѓу другото Бабовски.

 

За можноста да се продава млеко преку млекомати, Бабовски ја објасни постапката согласно Правилникот за ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло и за легална продажба на млекото од малите фарми преку млекомати. Тој вели дека кај нас за жал, се уште нема ниту еден млекомат но затоа интересот од сточарите е голем.

Со правилникот за директно снабдување со храна од животинско потекло, детално се регулира ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло и за легална продажба на млекото од малите фарми преку млекомати за што, производителите ќе треба да ги исполнат највисоките критериуми за безбедност и квалитет. Млекоматите во Европа се одамна присутни на пазарот, а од неодамна ги има и во соседните земји.

Членот 10 од Правилникот ги уредува условите  за директна продажба на млеко преку апарат – млекомат, преку кој се врши продажба на сурово, термички нетретирано млеко. Ставањето во промет на сурово млеко преку млекомат може да се врши само доколку млекоматот да е евидентиран-пријавен во регистрацијата на примарниот производител, кој врши директна продажба на млеко на овој начин само од страна на производител на млеко. Суровото млеко во млекоматот не смее да биде чувано подолго од 24 часа од молзењето, а апаратите треба да ги исполнуваат пропишаните барања  за безбедност на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната. Контејнерот што се користи за транспорт на сурово млеко треба задолжително да се чисти и дезинфицира по секоја употреба, температурата на млекото во млекоматот треба да се одржува на температура од 0 до 4°C и да биде јасно истакната на екранот на млекоматот. Задолжително е на млекоматот да бидат достапни информации за опис на производот („сурово млеко“) со препорака за варење на млекото пред консумација, име, адреса и информации за контакт со производителот и регистерски број на операторот, датум и час на молзење и датум и час на полнење на млекоматот. Суровото млеко кое не се продало преку млекоматот може да се користи за производство на производи од млеко или како храна за животни на одгледувалиштето од кое потекнува. Количината на сурово млеко која може да стави во промет или да се преработи во млечен производ согласно овој правилник, наменет за директно снабдување, може да биде најмногу 700 литри неделно, односно 100 литри дневно за кравјо млеко и неограничена количина на млеко од овци и други животински видови.

Во врска со поставувањето на апаратот на одредена локација, доколку е на јавна површина бара согласност од општината врз основа на документ од Агенцијата за храна и ветеринарство за завршена постапка за регистрација.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img