Работниците се соочуваат со предизвици и искушенија, власта врши мобинг

Политички партииВМРО-ДПМНЕРаботниците се соочуваат со предизвици и искушенија, власта врши мобинг
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

„Македонија за сите“ е визија да создадеме место каде сите ќе живееме достоинствено и среќно. Ние како граѓани на оваа земја имаме одговорност да ја направиме Македонија таква држава, бидејќи трудовите и социјалните прашања се прашања кои допираат до секој од нас, а ова што го прави оваа власт по однос на тие прашања или го прави површно или половично и за жал нема ни среднорочни ни долгорочни ефекти, изјави д-р Лазар Јовевски од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната трибина посветена на труд и социјална политика.

Јовевски истакна дека Законот за социјална заштита има премногу слабости, додека што се однесува на работните односи во моментов со оваа власт на СДСМ работниците се соочуваат со притисоци, мобинг, откази и разни дискриминации особено партиска.
– Кога се креира политика која не дава плод не може упорно да се турка, како Законот за социјална заштита е една од приоритетните работи. Ние ги детектиравме и слабостите и веќе работиме.

Што се однесува до работните односи, вработените се соочуваат со голем број на проблеми, предизвици и искушенија на работно место, мобинг, откази, притисоци. Во нашите политики ќе влезе тоа дека сите носители на јавни функции кога ќе даваат отказ или ќе прераспределат работник, два пати да размислат бидејќи ако го изгубат спорот со вработениот кога ќе тужи, ќе платат од сопствен џеб, а не од институцијата. Секој што се згрешил во однос на правата и обврските кои што ги има ќе мора да понесе одговорност. Ќе мора да понесе одговорност ако се огрешил согласно Законот за работни односи, Закон за административни службеници, и останатите Закони во Македонија, нагласи Јовевски.

Јовевски посочи дека лесно е да се збори, граѓаните се изнаслушаа се и сешто низ годините наназад, веќе не се знае што е вистина што е лага кога говори оваа власт.

– Луѓето кои ќе ја водат оваа држава мора да имаат кредибилитет и како личности. Се изнагледав луѓе кои што знаат право ама го злоупотребуваат правото благодарение на нивното знаење. Во делот на работните односи тоа е еклатантно видливо. И тука целите се Закон за работни односи кој што ќе има избалансиран пристап во однос на заштитата на правата на работниците но и на работодавачите да им се овозможи платформа и основа за развој на бизнисот, и за нови вработувања. Се покажа дека политиките поврзани со КОВИД-19 не дадоа плод.

Пред два дена излегуваат информации за кои што предупредувавме уште во април месец, во мај минатата година дека овие политики за зачувување на овие работни места не се адекватни, појасни Јовевски.

Јовевски заклучи дека лошите политики на власта оставија илјадници граѓани на улица и неколку илјади затворени фирми.

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img