Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски беше во службена посета во Делчево, каде беше дел од конститутивната седница за формирање на Локален младински совет, согласно одредбите од Законот за младинско учество и младински политики.
Локалниот младински совет е гласот на младите во локалната заедница. Во партнерски однос со општината, младите имаат можност да ги искористат сите механизми кои им стојат на располагање за нивните идеи, предлози и иницијативи да бидат реализирани.
Активни и вклучени млади, се клучот за функционална и успешна локална заедница, истакна Мојсовски посакувајќи им успех во работата со цел овој пример да го следат и останатите општини!
Извор: Агенција за млади и спорт