Борбата против лажните вести е борба со противниците на демократијата

ВладаБорбата против лажните вести е борба со противниците на демократијата
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија Марјан Забрчанец, учествуваше на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“ во организација на Советот за регионална соработка.

 

Во своето обраќање на конференцијата на прашањето за одговорот на Владата на Северна Македонија на дезинформациите за време на пандемијата, Забрчанец истана дека за брз и ефикасен одговор на лажните вести од огромна помош беше „Протоколот за кризни комуникации“ кој беше подготвен пред почетокот на корона кризата и дека со тоа владината комуникациска структура создаде предност пред дистрибутерите на дезинформациите.

 

„Со таков документ и со однапред утврдени стандарди за кризна комуникација, имајќи ги точните информации во наши раце бевме први во споделувањето на фактите, па на непријателите на вистината не им остана ништо друго освен да заостануваат со дезинформациите“, објасни Забрчанец.

 

Во трката помеѓу точните и навремени информации и фактите од една страна и дезинформациите од друга страна, потенцираше Националниот координатор за стратегиски комуникации Забрчанец, проактивното и максимално транспарентно споделување на информациите со јавноста и со медиумите ги елиминираше штетите што имаа намера да ги предизвикаат лажните вести.

 

„Сметавме дека на прво место е неопходна соработката со медиумите и новинарите бидејќи како одговорни организации се оние кои во вистинско време можат да одговорат на должноста, да споделат факти и точни информации, односно да ги споделат новите мерките со граѓаните“, рече Забрчанец во своето обраќање на регионалната конференција за дезинформациите за време на пандемијата.

 

Тој додаде дека токму затоа беше воспоставен систем на редовни, секојдневни прес конференции на кои информациите до медиумите ги испорачуваа најрелевантните извори како министерот за здравство, членовите на Комисијата за заразни болести и други претставници на институциите од здравствениот систем.

 

Во завршницата на своето обраќање на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“ во организација на Советот за регионална соработка, Забрчанец истакна дека борбата против лажните вести не е само борба против дезинформациите и против центрите што ги шират, туку дека станува збор за справување со антидемократските центри кои имаат за цел да ја разнишаат довербата во демократијата и да ги загрозат прогресивните и демократски процеси и доброто владеење.

 

„Треба да бидеме поактивни наместо реактивни. Ние имаме јасна приказна, тоа е нашата демократска приказна, имаме јасни цивилизациски принципи и вредности. Ние не се криеме од ништо, ние сме на автопат, ние сме мејнстрим, и затоа треба да го користиме мејнстримот за промовирање на нашите вредности и нашите концепти и принципи“, нагласи Националниот координатор за стратегиски комуникации Забрчанец и додаде дека во справувањето со дезинформациите, регионот и сите прогресивни сили пошироко, треба да се обединат околу четирите основни принципи: промовирање на активна транспарентност, максимално користење на предностите на дигиталната модерна комуникација, градење партнерства и сојузништва во и надвор од земјата и имплементацијата на медиумската писменост во формалното и неформалното образование.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img