spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Создаваме услови за студентите , додека ги завршуваат своите студии

МИОА: Создаваме услови за студентите , додека ги завршуваат своите студии

На владината седница помина информативната точка за потребата од ангажирање волонтери со цел да се добијат потребните вештини за работа.

Целта на волонтерството е, кај волонтерот, да се обезбеди пордлабочено оспособување за работа кое бара специфични компоненти, знаења и вештини од организацијата или водење на оперативни работи.

Согласно член 6 од Законот за волонтерство (“Службен весник” бр. 85/7, 161/8, 147/15 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 124/19 и 103/21), организатори на волонтерска работа можат да бидат:

  • здружение на граѓани и фондација
  • верска заедница и религизна група
  • јавна установа
  • орган на државна власт и
  • единица на локална самоуправа и градот Скопје

Организаторот на волонтерската работа, ја утврдува потребата од ангажирање на волонтери, видот на услугите и видот на услугите и начинот и постапката за обезбедување на истите, врз основа на програма за волонтирање.

Организаторите на волонтерската работа, потребно е, во рамките на своите буџети да обезбедат средства за ангажирање на волонтери, согласно претходно донесени годишни програми за волонтирање.

Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите, покрај теоретскиот, да го завршат и практичниот дел, што ќе им помогне да се подготват и да се спремни за пазарот на трудот во иднина.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...