spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Нека биде бериќетна жетва, на полињата на ЗК Пелагонија и на...

МЗШВ: Нека биде бериќетна жетва, на полињата на ЗК Пелагонија и на сите други житни полиња кај нас и во светот

Вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на настан со кој свечено беше одбележан почетокот на жетвата на ЗК Пелагонија АД Битола. Настанот беше организиран во едно од житните полиња на оваа компанија, која е една од водечките во рамките на агробизнисот.

„Нема поголема радост за земјоделецот, од онаа кога ги жнее плодовите од својот труд. А особено, кога годината е родна и жетвата е богата, па е најдобра награда за вложениот труд. Целиот труд, посветеното време и љубовта со која полјоделците ги обдаруваат своите житни полиња, се враќаат назад кон нив и тоа како благослов, преку жетвата. Да не заборавиме, битно е и сонцето и водата и дождот. А нас природата ни дала сѐ што треба. Во климатски услови какви што имаме ние, а особено Пелагонија, нашата најголема житница, житните култури одлично успеваат“ подвлече министерот и додаде дека, според податоците од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обработливата површина под пченица во 2021 година изнесува околу 79.000 хектари, што е зголемување за околу 7% во однос на 2020 година.

Оваа година, се очекува просечен принос од околу 3.200 до 3.500 кгр./ха или вкупно околу 260 000 тони пченица.

„Работата во областа на земјоделието, никогаш не била лесна. Напротив, секогаш била и повеќе од предизвик. Од памтивек, на нашите предци, земјата им била се! А обработката на истата, барала знаење, физичка сила и добри временски услови. Денес, ЗК Пелагонија, благодарени на своите вработени стручни во областа, на најмодерната механизација, на квалитетните семиња, ја прави оваа стопанска гранка, најсилната алка во живеењето под ова македонско сонце. Благодарение на нашите насади со пченка, пченица, јачмен, сончоглед, многу индустрии го продолжуваат својот работен век. Плодната земја, плодната Пелагонија на која што сите ние денес стоиме, ја добивме во наследство. Но знаењето и работата се наши“ потенцираше Весна Белешовска, Извршен директор на ЗК Пелагонија.

Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство го поддржува производството на пченица која е стратешки производ за нашата држава, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа со 12.000 денари по хектар, за засеана пченица со сертифициран семенски материјал. Пченицата како и другите житни култури, се поекономични и рентабилни доколку се произведуваат на поголеми површини. За таа цел, Владата и Министерството имаат предвидено поголема финансиска поддршка за засеана пченица со сертифициран семенски материјал, за површини од 5 до 50 хектари и тоа со поддршка од 14.400 денари по хектар.

Министерот Хоџа, на претставниците на ЗК Пелагонија им посака бериќетна жетва и нагласи дека тоа го посакува за сите житни полиња кај нас и во светот.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...